Линкови за пристапност

Кремљ: Европа „се двоуми“ да ја разбере ситуацијата во Украина


Портпаролот на рускиот претседател ова го изјави за време на работниот појадок на азиско-европскиот самит во Милано.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин вели дека одредени европски лидери покажале неподготвеност да ја разберат „вистинската ситуација“ во југоисточна Украина.

Портпаролот на Кремљ, Димитар Пешков ова го изјави денеска во Милано по работниот појадок меѓу рускиот лидер, неговиот украински колега Петро Порошенко и другите европски лидери, во најнов обид да се олеснат тензиите околу актуелниот конфликт во Украина и решевање на спорот околу залихите на природен гас.

Претходно, Путин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел. Веднаш потоа Кремљ се огласи дека обете страни и натаму се со разединети ставови околу Украина.

Украинската криза се очекуваше да доминира на агендата на Азиско-рускиот самит во Милано, во услови кога, и Москва и западните влади се обидуваат да го решат спорот околу природниот гас и да стават крај на шестмесечните борби меѓу проруските сепаратисти и владата на Украина.

XS
SM
MD
LG