Руските трупи денес започнаа да се повлекуваат во своите постојани бази по масовното натрупување воена опрема на границата со Украина што предизвика загриженост во светски рамки.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера изјави дека завршија маневрите на Крим на западот во Русија и тој и нареди повлекување на армијата до 1-ви мај.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави ваквиот потег.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека Киев ќе чека на официјална потврда за повлекувањето.
„Ние сакаме да видиме дека руските дела се совпаѓаат со руските зборови“, рече Кулеба денес за време на посетата на Романија. „Она што беше кажано не беше доволно, ние сакаме да видиме дека ова ќе се спроведе и сите овие сили ќе бидат отстранети од нашата граница”, додаде тој.
Тој рече дека доколку се потврди повлекувањето, „ова ќе значи вистинско олеснување на напнатоста“.
Тој им се заблагодари на НАТО и земјите на ЕУ за понудата на „многу цврста и непосредна поддршка за Украина“
Воената опрема и оружје кое беше донесено во западна Русија беше наменето за големата вежба наречена “Запад 2021”. Оружјето требаше да се чува на полигонот Погоново во југозападниот регион Воронеж, кој пак е оддалечен само160 километри источно од руската граница со Украина.
Facebook Forum