ВАШИНГТОН —
Украина изјави дека трите запленети бродови кои Русија ги врати на почетокот на неделава биле во состојба на распаѓање.
„Русите ги уништиле. Извадиле светилки, приклучоци и тоалети. Ќе го покажеме на целиот свет руското дивјаштво“, изјави за украински медиум шефот на украинската морнарица Ихор Воронченко.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски изврши инспекција на бродовите и изјави дека ќе бидат потребни три месеци за да се поправат.
Тој, исто така, побара Русија да ги врати деловите кои недостигаат.
Facebook Forum