Меѓународната истрага покажа дека малезискиот авион кој се урна во источна Укарина во 2014-та, бил соборен од прокетил, што бил транспортиран од Русија во Украина.
Новите откритијата ја потврдуваат претходната истрага од Холандската комисија за безбедност на воздушниот сообраќај, која заклучи дека малезискиот авион бил погоден од руски проектил „Бук“, тврдење што тогаш беше отфрлено од Русија.
Истражителите велат дека постоел цврст доказ оти територијата од која бил запален прокетилот била контролирана од проруски борци.
Русија изјави дека нејзиниот радар докажува оти никаква ракета не била лансирана од територија, управувана од проруски сепаратисти во Украина.