Линкови за пристапност

Украина бара санкции кон Русија, во ЕУ нема консензус за тоа


Украинската вицепремиерка за евроатлантска интеграција ја повика и Македонија да се приклучи

Украинската вицепремиерка за Европа и евроатлантска интеграција Ивана Климпуш Цинцадзе ја повика Македонија да воведе санкции кон Русија.

Таа ова го кажа на состанок со премиерот Зоран Заев за време на нејзината посета на Хрватска, пренесе украински владин портал.

„Нема прогрес во ослободување на украинските морнари и по неодамнешните акти на провокација од страна на Русија во Азовското Море“, рече Цинцадзе, потенцирајќи дека листата на несоодветно однесување е долга.

Таа ја повика Македонија, како пријателска земја и кандидат за членство во Европската унија да воведе санкции кон Русија, и да се приклучи кон европската политика во таа насока.

Германија најави дека нема да воведе санкции кон Русија поврзани со конфликтот со Украина.

„Во овој момент мислам дека ќе биде погрешно да се разговара за нови санкции, бидејќи се направени напори за да се намалат тензиите“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, додавајќи дека од германска страна нема да има предлог за нови санкции.

„Не гледам консензус во Европската унија за нови санкции“, рече тој.

Украина претходно ги повика НАТО сојузниците да воведат санкции против руската агресија во Азовското Море, при која беа запленети три украински бродови поради наводно незаконско навлегување во руските територијални води.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG