Линкови за пристапност

Премиерот на Украина поднесе оставка поради компромитирачка аудио снимка


Премиерот на Украина поднесе оставка во петокот, откако беше објавена аудио-снимка во која се слуша како тој го коментира разбирањето на економијата на претседателот.

Олексиј Гончарук на Фејсбук објави дека ја презел должноста премиер за да ја исполни програмата на претседателот, нарекувајќи го „модел на отвореност и пристојност“.

Осврнувајќи се на аудио снимката, Гончарук рече дека „за да се отстранат сите сомнежи за нашата почит и доверба во претседателот, јас напишав писмена оставка и ја доставив до претседателот кој може да ја достави до парламентот“.

Според украинската новинска агенција УНИАН, претседателот Володимир Зеленски ќе ја разгледа писмената оставка, а одлуката ќе биде објавена дополнително, соопшти неговата канцеларија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG