Линкови за пристапност

Украинските законодавци не ја прифатија оставката на премиерот Хројсман


Ukraine Rada

Парламентот на Украина, Врховната Рада ја отфрли оставката на премиерот Володимир Хројсман. Претседателот на државата Володимир Зеленски на 20-ти мај повика на оставка на владата.

Само 97 пратеници гласаа за оставка на Хројсман - далеку од потребните 226 гласови.

Гласањето се случи истиот ден кога канцеларијата на Зеленски објави дека претседателот формално побрал од Парламентот да ги разреши министерот за надворешни работи, Павло Климкин, министерот за одбрана Степан Полторак и шефот на безбедносната служба, Васил Хрицак.

Кабинетот на претседателот додаде дека во тек е постапка за разрешување на обвинителот Јуриј Луценко.

Еден ден по инаугурацијата, Зеленски издаде декрет за распуштање на Парламентот, свикување на предвремени избори во јули и предложи промени во изборниот процес.

Сепак, Врховната Рада на итната седница која се одржа на 22-ри мај гласаше против отворање на дебата за предлозите на Зеленски.

Двете гласања против предлогот на претседателот го истакнуваат спорот помеѓу законодавците и Зеленски, кој е нов на политичката сцена во државата и нема формална поддршка од актуелниот состав на Парламентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG