Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина утре ќе се сретнат во Берлин на разговори за мировниот договор од Минск, чија цел беше прекин на насилството во Источна Украина.
Германската канцеларка Ангела Меркел ги поканила странските лидери, за да дискутира за идните чекори за обезбедување на мир во регионот, јави портпаролот на германската влада, кој додаде дека не се очекуваат големи промени во ситуацијата.
Целта е да и` се помогне на Украина повторно да ги воспостави своите граници по руската анексија на Крим во 2014-та година. Русија ја поддржува бунтовничката група во источна Украина која ја контролира територијата.
Страните од договорот потпишан во 2015-та веќе се согласија на сите точки во него, но борбите во регионот продолжуваат.