Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО ја прекинаа и цивилната, и армиска соработка со Русија поради разликите во врска со ситуацијата во Украина.
Во заедничката изјава од Брисел по средбата посветена на Украина, министрите наведоа дека политичкиот дијалог на НАТО со Русија може да продолжи доколку е потребно. Тие подвлекоа дека не го признаваат рускиот обид за анкесија на Кримскиот Полуостров, нарекувајќи го незаконски и нелигитимен. Истовремено, министрите ја повикаа Русија да преземе итни чекори за повторно да започне да го почитува меѓународно право.
Агенцијата Асошиетед прес цитира неименуван претставник на НАТО што присуствувал на состанокот дека министрите се согласиле на низа можни мерки, како што се распоредување и засилување на армиски средства во источните НАТО-членки како Полска и државите на Балтикот и преглед на плановите на НАТО за реакција во кризи, за армиска обука и за распоред на воените вежби.
Минустрите соопштија дека се посветени на зајакнување на соработката со Украина за да се зајакне нејзината способност самата да се грижи за безбедноста.