Генадиј Кернес, градоначалникот на вториот по големина град во Украина, Харков, се наоѓа во сериозна состојба откако бил погоден од непознат напаѓач – снајперист, додека возел велосипед.
Кернес се спротиставуваше на прозападното движење што доведе до соборување на претседателот Виктор Јанукович од власт, но тој кажа и дека не ги поддржува проруските сепаратисти што повикуваат на независност за источна Украина.
Градските власти соопштија дека Кернес е хоспитализиран и дека во моментов се бори за живот.
Во меѓувреме, проруски вооружени лица презедоа контрола врз владини згради во Константиновка, уште еден град што го имаат запоседнато во источниот и јужниот дел на земјата. Сепаратистите претходно зазедоа владини згради во најмалку 10 други градови и бараат распишување на референдум за тоа дали овие делови треба да се отцепат од Украина и да се приклучат на Русија.