Линкови за пристапност

Украина и проруските бунтовници разменуваат затвореници


Украинските власти и сепаратистичките лидери се согласија на трансферот под покровителство на Руската православна црква

Украинските власти и бунтовниците поддржани од Русија, во средата почнаа размена на затвореници во источна Украина. Ова е прва и најголема размена од 2014-та година, наваму.

Во договорот се бара од Киев да предаде 306 затвореници на бунтовниците, а за возврат да добие 74 затвореници.

Конфликтот во Источна Украина избувна во април 2014-та година, откако Русија го присвои Крим еден месец претходно. И покрај големиот број помирувања, убиствата продолжуваат. Во немирите меѓу сепаратистите и владините трупи поддржани од Русија, загинаа преку 10 илјади луѓе. Во примирјето во Минск од 2015-та, се барало размена на сите затвореници, но двете страни се осомничени дека притвориле десетици, а можеби и стотици други, за подоцна да ги употребат како причина за преговарање.

Украинските владини претставници и сепаратистичките водачи се согласија на размена на затвореници минатата недела со медијација обезбедена од лидерот на Руската православна црква.

„Се надевам дека започнатиот процес ќе продолжи и ќе гарантира воспоставување на праведен и долготраен мир“, рече рускиот православен патријарх Кирил во понеделникот.

Украина и нејзините западни сојузници ја обвинија Русија дека испраќа војници и оружје преку границата. Москва го негираше ова.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG