Половината преброени гласачките ливчиња на претседателските избори во Украина покажуваат предност на комичарот Владимир Зеленски пред актуелниот претседател Петро Порошенко.
Централната изборна комисија соопшти дека Зеленски, комичар кој ја игра улогата на претседател во телевизиска комедија, е на прво место освојувајќи 30 отсто од гласовите.
Порошенко, кој е на власт од 2014 година, е на второ место со 17 отсто од гласовите.
На трето место е поранешната премиерка Јулија Тимошенко со 13 проценти.
Ако ниту еден кандидат не добие мнозинство, на 21 април ќе се одржи вториот круг од изборите помеѓу првите двајца финалисти.
„Ова е само прв чекор кон голема победа“, изјави Зеленски по објавувањето на првичните резултати.
Facebook Forum