Линкови за пристапност

Кибернетскиот напад ја зафати и Индија


Прекинати операциите во најголемото трговско пристаниште во Мумбаи

Глобалниот кибернетски напад денеска ги прекина операциите во најголемото трговско пристаниште во Мумбаи, Индија, додавајќи ги главоболките на владите и бизнисите погодени од комјутерскиот вирус кој во заложништво ги зема податоците на корисниците, додека жртвата не се согласи да плати за нивно ослободување.

Австралискиот министер за кибернетска безбедност Ден Техан, изјави дека властите сé уште не потврдиле дека истиот штетен код е одговорен за ваквите напади врз две компании во Австралија, но дека „сите индикации би укажале на тоа“.

Банки, владини канцеларии и аеродроми во Украина беа меѓу првите што го пријавија кибернетскиот напад, којшто беше регистриран и во други европски земји и во САД..

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG