Линкови за пристапност

Крим се подготвува за референдум


Преодниот украински премиер Јацењук, пак, во среда на средба со Обама во Белата куќа.

Претседателот на Кримската изборна комисија Михајло Малушев денес изјави дека продолжил со подготовките за референдумот за обединување со Русија, што ќе се одржи во недела, на 16-ти март.

„Сите граѓани што се регистрирани на територијата на Автономната Република Крим имаат право да гласаат на овој референдум, што значи дека ништо нема да ги спречи да гласаат“, изјави Малушев.

Руските сили ја зајакнаа контролата врз Крим додека властите во територијата продолжуваат со планот да се приклучат на Русија.

Преодниот премиер на Украина вчера порача дека нема да отстапи „ниту сантиметар“ од територијата на земјата. Арсениј Јацењук се обрати пред поддржувачите во Киев, на прославата на 200-тата годишнина од раѓањето на украинскиот поет и национален херој Тарас Шевченко.

Јацењук во среда ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон. Тема на разговорите ќе биде кризата на Крим, стратешкиот полуостров во јужниот дел на Украина каде мнозинството од населението говори руски.

Руски пратеник најави дека Кремљ одвоил помош од 1,1 милијарди долари за обнова на индустриската инфраструктура на Крим, доколку спорниот регион на референдумот изгласа приклучување на Русија.

Германската секретарка Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин подвлекла дека референдумот е незаконски и го крши Уставот на Украина.

Путин, пак, ги бранел сепаратистичките намери на Крим како конзистентни на меѓународното право. Претседателот на Кримското собрание Владимир Константинов рече дека украинските војници треба да заминат, доколку не се откажат од лојалноста кон Киев.

Американскиот заменик-советник за национална безбедност Тони Блинкен рече дека Вашингтон нема да го признае приклучувањето на Крим кон Русија доколку жителите се изјаснат така.

Поранешниот американски амбасадор во Русија Мајкл Мекфол за Гласот на Америка изјави дека анкесијата „ќе ја изолира Русија од светот со години, можеби и со децении“.

„Дури ни Кинезите не ја поддржуваат Русија во овој чин - никој не смета дека потегот е легитимен“, рече Мекфол.
XS
SM
MD
LG