Украинската војна со руските сепаратистички бунтовници во источниот дел на државата, трае веќе петта година.
Гласот на Америка му се придружи на специјалниот претставник на САД за Украина Курт Вокер, како и на американскиот амбасадор во Украина Мари Јованович, на патување во регионот, кое треба од прва рака да ги покаже резултатите од насилството, како и да го привлече вниманието на светот кон овој заборавен конфликт.
„Важно е да се види низ што поминуваат луѓето, и да се обнови заложбата дека сите ние треба да се обидеме да обезбедиме мир, да ставиме крај на овој конфликт, и да ја вратиме територијата под укараинска контрола, за да можат граѓаните да продолжат нормално да живеат“, рече Курт за Гласот на Америка.
Помина една година од убиството на Џозеф Стоун, американски набљудувач во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој загина возејќи на минско поле.
Набљудувачите и граѓаните се` уште се соочуваат со сериозна опасност
„Најголемиот ризик за граѓаните е можоста да бидат повредени од делови од бомби, кои не треба да бидат користени согласно Договорот од Минск“, рече претставник на Мисијата на ОБСЕ во Украина, во текот на патувањето со Курт, неколку километри од контактната линија.
Вокер вели дека се` уште нема информации од страна на Москва за овој проблем.
„Секому му е јасно дека овој конфликт е предизвикан од руска интервенција, и оти е сто проценти под руска команда и контрола. Треба Русија да донесе фундаментална одлука за мир. Ако сака тоа да го направи, ние сме подготвени да помогнеме“, рече Курт.
Укаринските команданти, повеќе пати му ставија до знаење на амбасадорот Курт дека сакаат поголема воена помош.
Но, немаше најава од американскиот дипломат за какво било ветување за повеќе оружје во иднина.
Сепак, патувањето на Вокер ја зголеми надежта во Украина дека САД може да понудат поголема помош.
Facebook Forum