ВАШИНГТОН —
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека не знаел оти воената помош од САД била одложена пред телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп, кој претставува основа за демократската истрага за импичмент.
Зеленски изјави дека немало уцена.
„Немав идеја дека воената помош била задржана. Откако дознав го отворив тоа прашање со потпретседателот Мајк Пенс во Варшава“, изјави Зеленски на прес конференција за новинарите.
Истрагата за импичмент на Трамп се однесува на телефонскиот разговор со Зеленски на 25 јули, при кој претседателот барал да се отвори истрага против поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.
Facebook Forum