Околу 2.000 поддржувачи на украинската опозиција се собраа во Киев обвинувајќи го претседателот Виктор Јанукович за „продавање“ на Украина со политиката за која тие велат дека е премногу про-руска.
Демонстрантите се собраа пред парламентот во вторник како реакција на одлуката за продолжување на изнајмувањето на руската морнаричка база во Украина како замена за поевтин природен гас.
Зделката предизвика немири во самиот парламент минатиот месец кога опозиционите законодавци фрлаа јајца и димни бомби во знак на протест против ратификацијата на договорот.
Полицијата беше подготвена во вторник да спречи насилство меѓу опозиционите протестанти и група на про-владини демонстранти кои се собраа во близина.
Опозициониот лидер Јулија Тимошенко охрабри поголеми демонстрации во вторник, велејќи им на насобраните дека ако доволно луѓе протестираат, Јанукович ќе мора да си даде оставка.