Линкови за пристапност

Оланд и Меркел реагираат на насилството во Украина


На заедничката прес-конференција со германската канцеларка во Париз, францускиот претседател повика на „брзи и насочени санкции“

Франција и Германија заземаат заеднички став во однос на последното смртоносно насилство во Украина.

За време на заедничката прес-конференција во среда со германската канцеларка Ангела Меркел во Париз, францускиот претседател Франсоа Оланд повика на „брзи и насочени санкции спрема одговорните за угнетувањето“ во Украина. Тој насилството го нарече „Неприфатливо“.

Меркел кажа дека министрите за надворешни работи ќе дискутираат какви санкции треба да бидат имплементирани против Киев за време на средбата во четврток, во Брисел. Таа сочувствува со жртвите во Украина, велејќи дека Европската Унија не може да го прифати насилството.

Во меѓувреме во Русија, портпарол на Кремљ, Дмитри Песков, ги осуди смртоносните протести во Украина како „обид за пуч“. Тој ги негира тврдењата дека претседателот Владимир Путин му давал совети на украинскиот претседател како да се справи со кризата и повтори дека Москва нема да се меша во внатрешните работи на Украина.
XS
SM
MD
LG