Линкови за пристапност

Украина вели дека соборила руски дронови во повеќе региони


Остатоците од дроновите оштетиле згради и автомобили и предизвикале пожар
Остатоците од дроновите оштетиле згради и автомобили и предизвикале пожар

Украинската војска денес соопшти дека соборила 17 беспилотни летала што Русија ги користела да таргетира повеќе области на Украина во нападите во текот на ноќта.

Украинската војска соопшти дека Русија лансирала вкупно 22 беспилотни летала во неколку бранови напади насочени кон регионите Миколаив, Запорожје, Суми и Днепар.

Серхиј Лисак, регионалниот гувернер на Днепар, рече дека остатоците од еден од трите дронови соборени над регионот оштетиле згради и автомобили и предизвикале пожар.

Лисак рече дека руското гранатирање, исто така, го погодило регионот, но оти нема жртви.

Руското министерство за одбрана соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила повеќе украински беспилотни летала над регионот Брјанск во западна Русија рано во четвртокот.

Русија, исто така, соопшти дека денес одбила напад на патролен брод во Црното Море, при што руските сили уништиле пет чамци без екипаж.

Над Крим, што е под руска контрола, руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека уништило 11 украински беспилотни летала.

Тоа се случи еден ден откако украинска ракета погоди стратешко бродоградилиште на Крим, при што беа повредени 24 лица и оштетени два брода на кои им беше извршена поправка.

Дел од информациите се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG