Линкови за пристапност

Украина рече дека обезбедила позиции на клучниот источен брег на Днепар во Херсон


Украина се обидуваше да ја турне Русија од стратешки значајниот источен брег на реката, кој служеше како природна бариера, спречувајќи ја Украина да напредува подалеку во регионот Херсон кон Крим, анектиран од Русија
Украина се обидуваше да ја турне Русија од стратешки значајниот источен брег на реката, кој служеше како природна бариера, спречувајќи ја Украина да напредува подалеку во регионот Херсон кон Крим, анектиран од Русија

Украинските трупи воспоставија упориште на источниот брег на реката Днепар во Херсон, според украински официјален претставник.

„Наспроти сите шанси, украинските одбранбени сили стекнаа упориште на источниот брег“, рече Андриј Јермак, началникот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, според Асошиетед прес.

Украина се обидуваше да ја турне Русија од стратешки значајниот источен брег на реката, кој служеше како природна бариера, спречувајќи ја Украина да напредува подалеку во регионот Херсон кон Крим, анектиран од Русија.

Реката, исто така, ѝ дозволи на Русија да концентрира војници во други тешко утврдени и минирани региони на источна Украина, како што е Запорожје.

Владимир Салдо, гувернерот на окупираниот Херсон, поставен од Русија, потврди дека украинските трупи се зацврстиле на источниот брег на реката Днепар.

Наталија Хумениук, портпаролка на јужната воена команда на Украина, ја опиша линијата на фронтот како „прилично течна“ со украинските трупи кои вршат притисок врз руските војници долж реката.

Русија претходно контролираше области на западната страна на реката, вклучувајќи го и градот Херсон, но ги напушти тие позиции минатата година.

Контраофанзивата на Украина се сметаше дека се движи малку бавно, иако напредокот на источниот брег на реката Днепар може да се покаже значаен за напорите на Киев, со тоа што ќе ја принуди Русија да ги рашири своите трупи послабо по линијата на фронтот.

Некои информации во овој текст се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG