Линкови за пристапност

Украина објави дека соборила пет руски беспилотни летала


Рускиот напад предизвика штета во Одеса, рече гувернерот.
Рускиот напад предизвика штета во Одеса, рече гувернерот.

Украинската војска во понеделникот соопшти дека Русија ја нападнала земјата во текот на ноќта со седум беспилотни летала и три наведувани проектили.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека противвоздушната одбрана соборила пет од беспилотните летала, при што сите пресретнувања биле извршени над регионот Одеса во јужна Украина.

Олех Кипер, регионален гувернер во Одеса, на Телеграм рече дека воздушните напади меѓу другото ги оштетиле зградите на магацините и земјоделската механизација.

Кипер рече дека нема пријавени повредени.

Последниот напад се случи во моментот кога се очекува американскиот Сенат да даде одобрение оваа недела за законодавството кое вклучува 60 милијарди долари помош за Украина.

Мерката веќе е усвоена во Претставничкиот дом на САД и има поддршка од претседателот Џо Бајден.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање во неделата рече дека пакетот вклучува „предмети што нашите воини на фронтот ги очекуваат толку многу“.

Зеленски рече дека времето помеѓу усвојувањето на законот и воената помош да дојде во рацете на украинските војници „мора да биде што е можно пократко“.

XS
SM
MD
LG