Линкови за пристапност

Украина објави дека соборила 17 од 22 руски дронови


Путин вели дека Русија има предност на бојното поле во Украина.
Путин вели дека Русија има предност на бојното поле во Украина.

Украинската војска објави дека соборила 17 од 22 дронови што Русија ги лансираше во ноќните напади кои беа насочени кон области ширум земјата.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека руските напади вклучиле и пет проектили насочени кон регионот Харков, лоциран долж границата меѓу Украина и Русија, и два други проектили насочени кон соседниот регион Суми.

Дроновите беа широко распространети, а украинската војска соопшти дека нивното пресретнување се случило над регионите Киев, Полтава, Хмелницки, Черкаси, Кировохрад, Днепропетровск, Виниција, Запорожје и Ривне.

Серхиј Лисак, регионален гувернер на Днепропетровск, пријавил дека урнатини паднале на покрив на станбена зграда и предизвикале пожар.

Според регионалниот гувернер Андриј Рајкович, нападот со дрон оштетил и станбени згради и индустриски објекти во регионот Кировоград.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговите сили имаат предност на бојното поле во Украина и дека можеби е неопходно руските сили да создадат тампон зона на украинската страна на границата за да спречат напади на руска територија.

Коментарите на Путин дојдоа по најновите напади со украински дронови врз руска нафтена рафинерија и Путин побара нов шестгодишен мандат на меѓународно дискредитираните избори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека „се што прави Русија на окупираната територија на Украина е злосторство“.

„Мора да има праведна одмазда за сè што направија руските убијци во оваа војна и за доброто на доживотната моќ на Путин“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање.

Украина лансираше 35 дронови низ Русија кои предизвикаа краток пожар во нафтена рафинерија, цел на Москва и беа зафатени снабдувањето со електрична енергија во пограничните области, соопшти Русија во неделата.

Од дроновите лансирани од Украина, 17 се уништени над јужниот регион Краснодар, четири над московскиот регион, а останатите во шест други региони, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм во неделата.

„Дроновите беа неутрализирани, но избувна пожар како резултат на падот на еден од уредите“, соопшти оперативниот штаб на регионот Краснодар во јужна Русија на Телеграм.

Пожарот беше изгаснат по неколку часа и иако директно не доведе до смртни случаи, првичните извештаи покажаа дека најмалку едно лице починало од срцев удар, се вели во објавата.

Гласот на Америка не можеше независно да ги потврди тие извештаи.

Од почетокот на војната во февруари 2022 година, украинските дронови лансирани од домашната безбедносна служба СБУ погодија 12 руски нафтени рафинерии, изјави Ројтерс цитирајќи извор од украинските разузнавачки служби.

Регионалниот гувернер на Белгород рече дека украинското гранатирање убило еден маж, а раниле 11 други во регионот. Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, претходно во неделата изјави дека 16-годишно девојче било убиено во пограничниот регион кога нејзината куќа се запалила од украинска граната.

Некои информации во овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG