Линкови за пристапност

Украина носи свои одлуки за таргетирање, вели Пентагон


Ракета ATACMS од ист тип како онаа испорачана од СAД во Украина
Ракета ATACMS од ист тип како онаа испорачана од СAД во Украина

Пентагон денес соопшти дека Украина носи свои одлуки за таргетирање, откако Кремљ директно ги обвини САД за нападот на Крим, за кој рече дека бил извршен со проектили ATACMS испорачани од САД и во кој загинаа најмалку четири лица, а 151 беа повредени.

Војната во Украина ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, а руските власти рекоа дека конфликтот влегува во најопасната фаза на ескалација досега.

Но, директното обвинување на САД за смртоносниот напад на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година и сега го смета за руска територија иако поголемиот дел од светот го смета за дел од Украина, е чекор понатаму.

„Украина носи свои одлуки за таргетирање и спроведува свои воени операции“, рече мајорот Чарли Диец, портпарол на Пентагон.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека секоја загуба на цивилен живот е трагедија.

„Тоа секако ги вклучува илјадниците невини Украинци кои беа убиени од руските сили од почетокот на оваа руска војна за агресија“, рече портпаролот.

Најмалку две деца се убиени во нападот на Севастопол во неделата, според руските власти.

Русија рече дека САД го испорачале оружјето, додека американските воени специјалисти го насочиле оружјето и дале податоци за него.

Русија ја повика американската амбасадорка Лин Трејси во Министерството за надворешни работи каде што се соочи со обвинувања дека Вашингтон „води хибридна војна против Русија и всушност стана страна во конфликтот“.

Нападот, ѝрече Русија на Трејси, „нема да помине неказнето. Дефинитивно ќе следат одмазднички мерки“.

XS
SM
MD
LG