Линкови за пристапност

Украина ги нападна руските рафинерии за нафта


АРХИВА - На оваа фотографија направена од видео објавено од канал на Телеграм на гувернерот на Севастопол Михаил Развозаев на 29 април 2023 година, чад и пламен се издигнуваат од запален резервоар за гориво во Севастопол, Крим.
АРХИВА - На оваа фотографија направена од видео објавено од канал на Телеграм на гувернерот на Севастопол Михаил Развозаев на 29 април 2023 година, чад и пламен се издигнуваат од запален резервоар за гориво во Севастопол, Крим.

Три лица загинаа во Криви Рих по руски напад врз станбена зграда

Украинската војска употреби беспилотни летала за да ги нападне руските рафинерии за нафта, оштетувајќи локација во регионот Рјазан.

Павел Малков, регионален гувернер во Рјазан, рече дека нападот во рафинеријата за нафта таму, според прелиминарни извештаи, предизвикал пожар и некои се здобиле со повреди.

Официјални лица во Ленинградската област изјавија дека руската противвоздушна одбрана соборила украинско беспилотно летало додека се приближувало до рафинеријата и дека немало никаква штета.

Нападите беа дел од бранот украински беспилотни летала лансирани на руска територија втор ден по ред.

Гувернерот на регионот Воронеж Александар Гусев, регион кој граничи со Украина, изјави дека воздушната одбрана соборила повеќе од 30 украински беспилотни летала во текот на ноќта.

Вчера, украински беспилотни летала оштетија две руски локации за гориво.

Украинските власти соопштија дека вечра руски проектил погодил станбена зграда во централниот град Криви Рих, при што загинале најмалку три лица, а повредени се најмалку 38 други.

Шефот на воената администрација на Криви Рих Олександр Вилкул рече дека нападот врз зградата бил еден од трите проектили што го погодиле градот, кој е роден град на претседателот Володимир Зеленски и честа цел на руски напади.

Зеленски преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на загинатите и им се заблагодари на спасувачите за помошта.

„Секој ден нашите градови и села трпат слични напади. Секој ден Украина губи луѓе поради руското зло“, напиша тој. „Не може да има пауза, ниту еден ден, една недела, а камоли еден месец, како поддршка за едноставно одбрана на животи, за спасување на луѓето од терор.“

Дел од информациите во текстот се од агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG