Линкови за пристапност

Уганда почна да ги закопува жртвите на бруталниот напад на училиште


Претседателот Мусевени: „Нападот беше „криминален, очаен, терористички и залуден“
Претседателот Мусевени: „Нападот беше „криминален, очаен, терористички и залуден“

Во неделата, Уганда почна да ги погребува жртвите од бруталниот напад на училиште.

Напаѓачите се осомничени дека припаѓаат на Сојузничките демократски сили - милитанти со врски со групата Исламска држава.

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, во изјава рече дека нивниот напад е „криминален, очаен, терористички и залуден“.

Повеќето од жртвите беа ученици во средното училиште Лубириха, блиску до границата на Уганда со Конго. Загинаа 42 лица. Осум лица се ранети, но еден од нив сега починал. Официјални лица велат дека веруваат дека најмалку шест студенти биле киднапирани од милитантите и одведени во Конго.

Некои селани во околните области се отселиле од своите домови по нападот врз училиштето.

XS
SM
MD
LG