Линкови за пристапност

Владата на САД не најде докази за можно вселенско летало на вонземјани, објави „Њујорк тајмс“


Весникот пишува дека американските разузнавачи веруваат оти експериментална технологија на ривалски сили би можела да биде објаснување барем за дел од воздушните феномени

(Ројтерс) - Американските разузнавачи не најдоа докази дека неидентификуваниот воздушен феномен, забележан од морнарички пилоти изминативе години, е вселенско летало на вонземјани, но, откритијата остануваат необјаснети во дологочекуваниот владин извештај, објави „Њујорк тајмс“.

Извештајот, исто така, открива дека поголемиот дел од настаните, документирани изминативе две децении, не потекнуваат од каква било воена или друга напредна технологија на американската Влада, објави „Њујорк тајмс“, цитирајќи високи официјални лица од администрацијата.

Весникот пишува дека американските разузнавачи веруваат оти експериментална технологија на ривалска сила би можела да биде објаснување барем за дел од феномените.

Според текстот во весникот, анонимно официјално лице изјавило оти разузнавачите и воените официјални лица биле загрижени дека Кина и Русија би можеле да експериментираат со хиперсонична технологија.

Некласифицирана верзија на извештајот, која се очекува да биде испратена во Конгресот до 25 јуни, ќе покаже уште неколку други заклучоци, објави „Њујорк тајмс“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG