Американскиот претседател Барак Обама вели дека Русија мора да ги повлече своите трупи од украинската граница и да започне преговори за намалување на тензиите.
Во интервју за ЦБС Обама кажа дека руските армиски потези може да се само напор да се заплаши Украина. Но тој додаде дека Русија може да има и „натамошни планови“.
Во четвртокот раководителот на украинскиот Совет за национална безбедност кажа дека Русија има близу до 100.000 трупи по должина на украинската граница на север, југ и исток. Тој кажа дека руските сили се во состојба на полна подготвеност за напад.
Русија вели дека војниците се инволвирани во „пролетни вежби“ и ги убеди САД дека нема да ја преминат границата.
Западните стручњаци веруваат дека бројот на руски сили близу источна и јужна Украина е околу 30.000.