Линкови за пристапност

Учениците учат од мобилни телефони, наместо од учебници кои ги нема доволно


Неколку години по ред, или се доцни со доставата на учебници, или со нивното печатење
Неколку години по ред, или се доцни со доставата на учебници, или со нивното печатење

Директори на училиштата велат дека освен за шесто одделение, нема добар дел од учебниците и за останатите одделенија. Учениците преку мобилните телефони или лаптопи учат песни, читаат текстови, решаваат задачи

Учебници нема доволно, учениците учат од мобилни телефони
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:57 0:00

Вака денес учениците во земјава ги решаваат домашните задачи и ги учат зададените лекции од наставниците. Седнати пред мобилните телефони или лаптопи, наместо од учебниците, кои сè уште ги нема во доволен број, учат песни, читаат текстови или решаваат математички задачи.

Валентина Кузманоска наставничка во петто одделение вели дека се соочуваат со големи проблеми.

„Трета седмица како е учебната година се снаоѓаме. Но во голема мера и ни е отежната работата. Најчесто во тие ‘Вибер’ или ‘Фејсбук’ групи, па ќе споделиме, ќе побарам помош и од родителите кои ги спуштиле учебниците во електронска форма, ќе пресликаме“, вели Кузманоска.

Сето ова го обременува образовниот процес.

„Не можат децата да се фокусираат на задачите, па им се преместила на друга страна задачата. Тоа не е начин. Секое дете пред себе треба да го има наставниот материјал“, додава Кузманоска.

Учебници се целосно пристигнати за прво и второ одделение, додека за останатите одделенија пристигнуваат помал број на учебници и не пристигнуваат како комплети
Јордан Пуроски, директор на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Директорот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Охрид, Јордан Пуроски, вели дека имаат добиено помал број на учебници од потребните.

„Учебници се целосно пристигнати за прво и второ одделение, додека за останатите одделенија пристигнуваат помал број на учебници и не пристигнуваат како комплети. Пример за шесто одделение имаме нарачано 56 комплети не се пристигнати. Учебници за седмо се нарачани 56 комплети, се стигнати само 11 по математика учебници и 11 учебници по биологија. Така е и за деветто и осмо одделение“, вели Пуроски.

Тој додава дека секојдневно се соочуваат со револт од родителите, но оти вината не е кај нив.

„Комбинираме нешто што ќе најдеме од старите учебници. Правиме некои напори, но резултатот не е тоа е тоа“, вели Пуроски.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација подготвува тужба против, министерството за образование, поради констатираната дискриминација, која се однесува на огромен број на ученици, кои останале без учебници.

„Комисијата утврди дека од 126 учебници по сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното задолжително основно образование на почетокот на учебната година, министерството за образование не обезбедило 43 учебници, односно дури 34 отсто од учебниците“, Бендевска.

Во рацете на судот ќе биде одлуката како ќе го разреши овој случај додава Бендевска.

„На тој начин комисијата започнува процес на стратешко застапување на интересите на секој ученик во Македонија и нивното право да добиваат квалитетно образование“, објаснува Бендевска.

Сè ќе се заврши до крајот на септември. Овие денови завршува целосна достава на учебниците од трето одделение
Јетон Шаќири, министер за образование

Наспроти овие тврдења, министерот за образование, Јетон Шаќири, го вели спротивното.

„Сите учебници, според податоците кои ги имаме добиено во нашиот систем од педагошка служба се доставени. За шесто одделение ќе има состанок на националната комисија, за да ги одобрува последните учебници. Сè ќе се заврши до крајот на септември. Овие денови завршува целосна достава на учебниците од трето одделение“, вели Шаќири.

Националната комисија сè уште работи на одобрување на нови учебници. Неколку години по ред, или се доцни со доставата на учебници, или со нивното печатење, поради што учениците учат или без учебници или од стари и искинати книги.

Некои од нив лани стигна на крајот од школската година. Слична е состојбата и во средните училишта особено во средните стручни училишта, каде со години недостасуваат учебници по стручните предмети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG