По повод македонскиот државен празник 11-ти октомври, повеќе од 1.200 ученици од основните и средни училишта во Прилеп, го направија македонското знаме, во центарот на градот. Станува збор за традиција, која во Прилеп се негува веќе неколку години.
„Ова е повеќе од перформанс. Тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.