Најмалку осум ученици биле убиени во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ утринава во Белград, соопшти „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на српската полиција. Во пукањето бил застрелан и чуварот.
Напаѓачот е идентификуван како К.К., роден 2009 година. Бил во седмо одделение во истото училиште, а нападот го почнал во училница во која бил за време на наставата. Набргу после пукањето ученикот се обидел да избега, но полицијата го уапсила во училишниот двор.
Полицијата добила дојава за пукање околу 8.40 часот утринава. Ученикот, според изјавите од полицијата, во нападот користел пиштол што бил во сопственост на неговиот татко.
Голем број родители пристигнале во училиштето после објавата на информацијата. Полицијата ги блокира приодите кон објектот.
(Извор: Associated Press)