Линкови за пристапност

Убиени екстремисти во израелски напад во Газа


Тројца високи команданти на Исламски џихад во Појасот Газа беа убиени во израелски воздушен напад во вторникот рано наутро.

Палестинските здравствени власти соопштија дека во израелската операција загинале најмалку 12 лица, а 20 се повредени.

Милитантната група Исламски џихад, поддржана од Иран, ја потврди смртта на своите високи членови, идентификувајќи ги како Калил Бахтини, Тарек Изелдин и Џехад Ганам.

Портпаролот на групата изјави дека нападот ќе биде возвратен.

Израел рече дека целните милитанти се одговорни за неодамнешниот ракетен истрел врз Израел.

„Секој терорист што ќе им наштети на израелските граѓани ќе зажали“, рече израелскиот министер за одбрана Јоав Галан.

Воздушните напади во вторникот ја одбележаа последната рунда акции во услови на зголемени тензии. Израелските сили извршуваат речиси секојдневни рации во Појасот Газа за кои Израел вели дека се неопходни за да се спречат нападите, додека милитантите користеле ракети за да го гаѓаат Израел.

Најмалку 105 Палестинци и 19 Израелци се убиени во насилствата оваа година.

Некои информации за овој извештај се користени од од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG