Линкови за пристапност

Преку 3.000 сексуални напади во Убер минатата година


Компанијата самоиницијативно објави извештај за проблемите со безбедноста на патниците, најавувајќи мерки за поголема заштита

Компанијата Убер соопшти дека примила повеќе од 3.000 пријави за сексуални напади изминатава година, вклучително и за силување.

„Самоиницијативно објавување на овој извештај во кој се наведуваат проблеми со безбедноста не е лесно“, изјави легалниот претставник на Убер Тони Вест, додадавјќи:

„Повеќето компании не зборуваат за проблеми со секусално насилство, бидејќи ризикуваат да предизвикаат јавна негативна критика. Но, сметаме дека е време за нов пристап“.

Извештајот се фокусира само на САД, но, загриженоста за безбедноста со возење со Убер покрена прашања низ цел свет.

Компанијата соопшти дека соработува со надлежни официјални лица, организации за безбедност на патиштата и со повеќе од 200 експерти за превенција од насилство, со цел да се направат промени што ќе доведат до поголема безбедност.

Една од новите мерки, е и можноста патниците да испратат порака директно до операторите на 911 и до Убер, додека уште се во возилото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG