Линкови за пристапност

Убер во Европа ќе се регулира како такси-компанија


Одлуката беше донесена како одговор на жалбата од здружението на таксисти во Барселона, кои се обидоа да го спречат проширувањето на Убер во шпанскиот град

Европскиот суд на правдата денеска донесе одлука дека Убер треба да се регулира како такси- компанија, наместо технолошка услуга, со што се ограничува бизнисот на компанијата во Европа.

Одлуката беше донесена како одговор на жалбата од Здружението на таксисти во Барселона, кои се обидоа да го спречат проширувањето на Убер во овој град. Возачите тврдеа дека возачите на Убер треба да подлежат на овластувања и барања за лиценца и ја обвиниле компанијата за нелојална конкуренција.

Убер во Сан Франциско тврди дека компанијата треба да биде регулирана како давател на информативни услуги, бидејќи се базира на апликација која ги поврзува патниците со возачите.

Највисокиот суд на Европската Унија вели дека услугите обезбедени од Убер и слични компании се „инхерентно поврзани со транспортната услуга“ и затоа мора да се класифицираат како „услуга во областа на транспортот“, според правилата на ЕУ.

Одлуката ќе има влијание врз компаниите во ЕУ од 28 држави, каде што националните влади сега можат да ги регулираат како транспортни фирми.

Од Убер изјавија дека ќе продолжат со плановите за проширување во Европа.

Убер претходно беше принуден да ја напушти својата услуга на поврзување помеѓу возачите и патниците во неколку земји на ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG