Линкови за пристапност

Уапсен напаѓачот во Тексас по убиството на најмалку четири лица


ОСТИН (АП) – Приведено лицето за кое се верува дека усмртил четири лица и ранил најмалку тројца во Остин, Тексас. Лицето се поврзува и со смртта на уште две лица во близина на Сан Антонио, Тексас, соопштија властите.

Меѓу ранетите кои беа застрелани, има двајца полицајци и еден велосипедист, соопшти полицијата. Ниту една од повредите не се смета за опасна по живот.

Мажот, кој има 30 години, е обвинет за убиство, изјави привремениот началник на полицијата во Остин, Робин Хендерсон, на прес-конференција во вторникот вечерта. Неговото име не беше веднаш објавено.

Хендерсон кажа дека полицаецот од независната училишна област Остин бил застрелан во ногата околу 10:45 часот во вторникот на паркинг во средно училиште. Потоа околу пладне, полицијата откако добила повици за истрели од огнено оружје, пронашла две лица со знаци на траума. Полицијата соопшти дека едниот бил мртов, а другиот починал во болница.

Уште еден напад се случил нешто пред 17 часот, кога машко лице на велосипед се здобило со повреди кои не се опасни по живот. Околу 19 часот по повик за кражба, полицијата пронашла две лица мртви.

За време на последниот повик, полицаец од Остин видел човек во задниот двор. Мажот пукал во полицаецот, а полицаецот возвратил, изјави Хендерсон. Полицаецот се здобил со повеќе прострелни рани и бил пренесен во болница, каде што е во стабилна состојба.

Полицијата соопшти дека во потера по напаѓачот, околу 19 часот и 15 минути, на раскрсница на автопат и е приведен. Човекот имал пиштол, рече Хендерсон.

Таа рече дека полицаецот кој беше застрелан како и другите полицајци носеле камери за тело и дека видеото ќе биде објавено во рок од 10 работни дена.

Лицето се поврзува и со смртта на уште две лица во близина на Сан Антонио, Тексас.

XS
SM
MD
LG