Социјалната мрежа на која профили имаат милиони ширум светот, соопшти дека нема намера да го зголеми актуелното ограничување од 140 букви при пишување на порака.
Освен кај секојдневните корисници, Твитер е популарен и кај малите и големите организации, со цел, промоција на својот бизнис.
Твитер воедно стана алатка и за политички и социјални промени. Движењето Арапска пролет во 2011-та година ја користеше платформата за организирање и информирање на учесниците за спроведените активности.
Претседателот Барак Обама токму преку Твитер информираше за неговиот реизбор во 2012-та, со порака – „уште четири години“, придружена од фотографија со првата дама Мишел. Веднаш потоа, поракта стана една од најсподелуваните.
Твитер во моментов има преку 320 милиони редовни корисници.