ВАШИНГТОН —
Твитер најави дека повеќе нема да прифаќа политички реклами, одлука што ќе се одрази врз корисниците и политичките кампањи во САД и во светот.
Извршниот директор Џек Дорси, рече дека иако рекламирањето на интернет е можно и ефикасно за компаниите, моќта носи и значителни ризици за политиката.
Забраната, која ќе стапи во сила на 22. ноември, ќе се однесува за рекламите на кандидатите и за оние за политички прашања. Рекламите, пак, кои ќе ги охрабруваат луѓето да гласаат, ќе останат.
Одлуката на Твитер доаѓа по проблемите за справување со ширење на дезинформациите на интернет, во САД и низ целиот свет.
Facebook Forum