Линкови за пристапност

Во живо на Твитер


Од компанијата велат дека сега секој корисник може да емитува видео со користење на Твитер и Перископ

За да не заостане зад Фејсбук, Твитер ја објави новата услуга за публикување на видео во живо.

Според објавениот пост од компанијата „Можете да публикувате видео од Твитер апликацијата, поддржано од Перископ.“

За да започнете со емитувањето, според Твитер треба само да притиснете „Live“ кога креирате порака.

Тоа ќе ве однесе до „монитор пред емитување“, при што можете да проверите дали снимката е во ред.

Кога сте подготвени, притиснувате “Go Live” и ќе можете да бидете видени.

Оние кои ве гледаат ќе можат да поставуваат коментари или етикети.

Видеото во живо доловува моменти и настани во животот на начин како никој друг медиум, велат од Твитер.

Од компанијата додаваат дека корисниците ќе можат да видат што прават и останатите, ако отидат на #GoLive.

XS
SM
MD
LG