Линкови за пристапност

Твитер ја зголеми должината на пораката


Функцијата ќе биде достапна за „мала група“ корисници

На некои корисници Твитер ќе им дозволи поголем простор.

Компанијата објави дека двојно ја зголемува должината на пораката, од 140 на 280 букви и ознаки, но дека тоа се однесува за „мала група“ корисници.

Од Твитер не кажаа дали претседателот на САД Доналд Трамп, ќе биде еден од оние кои ќе можат да објавуваат подолги пораки, но рекоа дека функцијата ќе биде достапна по „случаен избор“.

Јапонците, Корејците и Кинезите се исклучени од можноста да користат проширени твитови, бидејќи буквите и ознаките им овозможуваат да кажат повеќе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG