Линкови за пристапност

Твитер суспендира уште 235.000 профили поради терористичка содржина


Со ова, бројката на суспензии се качи до 360.000 од средината на 2015 година, соопшти компанијата

Твитер објави дека суспендирал дополнителни 235.000 профили, поради промовирање тероризам во изминативе шест месеци.

„Со ова, бројката на суспензии се качи до 360.000 од средината на 2015 година“, соопшти компанијата.

Твитер вели дека дневните суспендирања на профили на корисниците се зголемиле за 80 проценти од минатата година.

Компанијата додава дека постигнала напредок и во заштита од корисници, кои биле суспендирани заради враќање на Твитер користејќи други профили, и оти „ соработува со други социјални платформи за идентификување терористичка содржина“.

Но и покрај напредокот, многумина суспендирани најдоа начин да се вратат на Твитер.

„Доста е голема бројката на корисници кои биле суспендирани повторно откако направиле нови профили, така што бројот на суспендирани профили не е ист со бројот на суспендирани корисници“, изјави Џ.М. Бергер, учесник во програмата за екстремизам на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Изминатиов период Твитер беше критикуван оти недоволно спречува ширење на екстремистичка содржина.

Сепак, Бергер го признава напредокот на компанијата на ова поле.

„Сегашната мрежа на Исламската држава на Твитер е под десет проценти, во споредба со 2014-та, кога го направивме пописот“, рече тој.

XS
SM
MD
LG