Фејсбук и Твитер заедно со уште 30 други компании ги здружуваат силите против растечкиот број на лажни вести кои се појавуваат на социјалните мрежи.
Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Базфид Њуз, Франс Прес и ЦНН, и двата медиумски гиганти се дел од коалицијата наречена „Прв нацрт“, основана во 2015-та. Тие велат дека ќе работат на подобрувањето на квалитетот на вестите на социјалните мрежи.
Групата најавува бројни иницијативи, како создавање на кодекс на работење, промовирање на новинарската писменост помеѓу корисниците на социјалните мрежи како и поставување на нова платформа во октомври која ќе им овозможи на читателите да ја проверат веродостојноста на сомнителните вести.
Трендот на лажни вести падна во очите на јавноста кога Фејсбук најави дека нивната селекција на вести кои се најсподелувани веќе нема да прават луѓе, туку ќе биде производ на алгоритам.