Линкови за пристапност

Обама домаќин на Твитер дискусија за економијата


Обама домаќин на Твитер дискусија за економијата
Обама домаќин на Твитер дискусија за економијата

Американскиот претседател Барак Обама вели дека презема одговорност за фактот што Американците не биле подготвени за тоа колку долго ќе трае опоравувањето од финансиската криза.

Претседателот зборуваше во среда на виртуелен собир на кој прашањата доаѓаа од корисници на социјалната мрежа Твитер.

Како одговор на прашањето што би направил поинаку во врска со рецесијата Обама кажа дека би им објаснил на Американците дека ќе потрае „додека земјата излезе од ова“. Тој рече дека дури и тој не сфатил колкава е магнитудата на рецесијата додека таа не одминала подлабоко.

Економската политика на претседателот дојде под критика последниве месеци кога стапката на невработеност во државата се покачи, на повеќе од девет проценти.

Обама лично има близу девет милиони следбеници на Твитер. Тој учествуваше на слична сесија чиј домаќин беше Фејсбук, порано годинава.

XS
SM
MD
LG