Линкови за пристапност

Туск: ЕУ не може да ги прими сите економски мигранти


Разговори во Атина со грчкиот државен врв

Првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск ги предупреди економските мигранти да не доаѓаат во Европа и рече дека Грција и другите европски држави нема повеќе да бидат „транзитни земји“.

Туск во Атина разговараше со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој направи обиколка на балкаснките држави кои се дел од маршутата на бегалците на пат кон ЕУ.

Според него, исклучување на Грција од Шенген-зоната не е опција за решавање на кризата, која резултира со прекумерен број на мигранти во Грција кои чекаат дозвола да продолжат со патот до западните земји на ЕУ.

Туск беше дециден дека „Грција е дел од Шенген, од евро-зоната, ЕУ и тоа нема да се смени.“.

Следна станица на вишиот европски дипломат е Турција, каде се среќава со турскиот премиер Ахмед Давутоглу. Во петок се среќава со претседателот Реџеп Таип Ергоган. Планира да и понуди иницијатива на Турија да помогне да се намали бранот мигранти од Блискиот исток и од северна Африка. Грција, која се наоѓа во лоша финансиска состојба, веќе побара помош од 500 милиони долари од ЕУ за справување со бранот мигранти кои минуваат низ нејзина територија.

XS
SM
MD
LG