Комфор, кохезија, храброст – се зборови што ги употреби претседателот Обама во средата во говор пред заедницата и нацијата.
„Жалиме со вас за паднатите. Ви се приклучуваме во вашата тага“, рече Обама.
Минатата сабота, вооружено лице започна да пука пред продавница во Тусон каде претставничката Габриел Гифордс ги поздравуваше своите сограѓани. Шест лица кои стоеле во нејзина близина беа смртно погодени, вклучувајќи федерален судија и деветгодишно девојче.
Некои велат дека ова е тест за лидерството на американскиот претседател – и шанса на приватно ниво да се поврзе со обичните Американци.
Претседателот Џорџ В. Буш тоа го стори со мегафон по терористичките напади на 11 септември 2001. Претседателот Бил Клинтон зборуваше по бомбашкиот напад во Оклахома Сити, 1995; претседателот Роналд Реган по експлозијата на на спејс шаталот. И сега, претседателот Обама:
„Ние може да не сме во состојба да го запреме сето зло во светот, но знам дека само од нас зависи како се третираме меѓусебно. Верувам дека со сета несовршеност, ние сме полни со чесност и добрина, и дека силите кои не` делат не се толку силни како оние кои не` обединуваат“.
Џаред Лафнер е обвинет за обид за атентат на членката на Конгресот Гифордс. Ова е прв ваков напад на член на Конгресот за повеќе од 30 години.
На пат кон меморијалот во Аризона претседателот Обама запре да ја посети конгресменката Гифордс. Откако заминал, нејзиниот сопруг му кажал на претседателот дека Гифордс за прв пат ги отворила очите.
„Таа знае дека ја сакаме. Знае дека навиваме за неа во тоа што ќе биде без сомнение тежок пат“.
Лекарите отстраниле дел од черепот на Гифордс за да дозволат простор за отечениот мозок. Тие ги намалиле лековите и велат дека сега дише самостојно.