Линкови за пристапност

Турската опозиција освои клучни градови на локалните избори


Изборните претставници ги пребројуваат гласачките ливчиња на избирачко место во Истанбул, Турција, 31 март 2024 година.
Изборните претставници ги пребројуваат гласачките ливчиња на избирачко место во Истанбул, Турција, 31 март 2024 година.

АНКАРА, Турција (АП) – Главната турска опозициска партија ја задржа контролата врз клучните градови и оствари огромни придобивки на други места на локалните избори во неделата, што предизвика големо вознемирување кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој имаше за цел повторно да ја преземе контролата врз тие области.

Со преброени повеќе од 90 отсто од гласачките кутии, според државната агенција Анадолу, актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, од Републиканската народна партија водеше со голема разлика во најголемиот турски град и економски центар.

Според резултатите, градоначалникот на главниот турски град, Анкара, Мансур Јавас, го задржа своето место со 25 поени разлика во однос на неговиот противкандидат.

Севкупно, Републиканската народна партија освои општини во 36 од 81 провинции во Турција, пренесе Анадолу, со што навлегла во многу упоришта на партијата на Ердоган. Доби 37 отсто од гласовите на национално ниво, во споредба со 36 отсто за партијата на претседателот, што ја означи најголемата изборна победа на Републиканската народна партија откако Ердоган дојде на власт пред две децении.

Ердоган го призна изборниот неуспех во говорот одржан од балконот на претседателската палата, од каде рече дека неговата партија претрпе „загуба на надморска височина“ низ Турција. Народот испрати „порака“ што неговата партија ќе ја „анализира“ со вклучување во „храбра“ самокритика, рече тој.

„За жал, девет месеци по нашата победа на изборите на 28 мај, не можевме да го добиеме резултатот што го сакавме за локалните избори“, додаде Ердоган. „Ќе ги исправиме нашите грешки и ќе ги поправиме нашите недостатоци“.

Тој рече дека ќе продолжи со економската програма воведена минатата година, која има за цел да се бори против инфлацијата.

Гласањето се сметаше за барометар на популарноста на Ердоган, бидејќи тој се обиде да ја врати контролата врз клучните урбани области што ги загуби од опозицијата на изборите пред пет години. Победата на Републиканската народна партија во Анкара и Истанбул во 2019 година ја уништи аурата на непобедливост на Ердоган.

Главната изворна битка за 70-годишниот турски претседател беше Истанбул, град со 16 милиони жители каде што тој е роден и израснат и каде ја започна својата политичка кариера како градоначалник во 1994 година.

Турскиот претседател и лидер на Партијата на правдата и развојот Реџеп Таип Ердоган пристигнува на гласање на избирачко место во Истанбул, Турција, 31 март 2024 година.
Турскиот претседател и лидер на Партијата на правдата и развојот Реџеп Таип Ердоган пристигнува на гласање на избирачко место во Истанбул, Турција, 31 март 2024 година.

Резултатот дојде како поттик за опозицијата, која остана поделена и деморализирана по поразот од Ердоган и неговата владејачка Партија на правдата и развојот, ориентирана кон исламот, на минатогодишните претседателски и парламентарни избори.

„Гласачите одлучија да воспостават нов политички поредок во Турција“, рече лидерот на Републиканската народна партија, Озгур Озел пред поддржувачите. „Денес гласачите одлучија да ја сменат 22-годишната слика во Турција и да ја отворат вратата за нова политичка клима во нашата земја.

Во меѓувреме, голема толпа се собра пред градското собрание на Анкара за да ја прослави победата на Јавас. „Анкара се гордее со вас!“, скандираа поддржувачите.

Директорот на Едам, Синан Улген, невладина организација со седиште во Истанбул, вели дека „изненадувачкиот исход“ се должи на гласачите кои сакаат да ја казнат владејачката партија поради „длабочината на економската слабост“. Зголемената инфлација остави многу турски домаќинства да се борат за основни добра.

Поддржувачите на Партијата на правдата и развојот избраа да се држат настрана од гласачките места или гласаа за други партии, рече Улген.

„Излезноста беше релативно мала во споредба со минатите избори“, рече тој. „Имаше меѓупартиски поместувања во гласањето, што не се случи на националните избори поради посилните идеолошки приврзаности. Овој пат економијата преовлада над идентитетот“.

Околу 61 милион луѓе, вклучително и повеќе од еден милион луѓе кои првпат гласаа, имаа право на глас за сите општини на областите.

Градоначалникот на Истанбул и Републиканската народна партија Екрем Имамоглу, држи гласачко ливче пред да гласа на избирачко место во Истанбул, Турција, 31 март 2024 година.
Градоначалникот на Истанбул и Републиканската народна партија Екрем Имамоглу, држи гласачко ливче пред да гласа на избирачко место во Истанбул, Турција, 31 март 2024 година.

Според државната агенција Анадолу, излезноста била околу 76%, а минатата година таа била 87%.

Околу 594 000 безбедносни лица беа на должност низ целата земја за да обезбедат гласањето да помине непречено. Сепак, едно лице загина, а 11 други се повредени во градот Дијарбекир, каде спорот околу изборот на администратор на соседството стана насилен, пренесе државната агенција Анадолу. Најмалку шест лица се повредени и во насилства во блиската провинција Шанлиурфа.

„Според податоците што ги добивме, се чини дека довербата на нашите граѓани се исплатеше“, рече Имамоглу.

Според Анадолу, Имамоглу освоил 50,6 отсто од гласовите во Истанбул, додека кандидатот на Партијата на правдата и развојот Мурат Курум, поранешен министер за урбанизација и животна средина, добил 40,5 отсто. Анкетите на јавното мислење укажале тесна трка меѓу овие двајца противкандидати.

Имамоглу, популарна личност која се прогласува како можен иден противкандидат на Ердоган, се кандидираше без поддршка од некои од партиите кои му помогнаа да победи во 2019 година.

Шестпартискиот опозициски сојуз кој беше предводен од Републиканската народна партија се распадна откако не успеаја да го поразат Ердоган на минатогодишните избори.

Улген вели дека резултатот го става Имамоглу во улогата на можен опозициски лидер и да му биде противкандидат на Ердоган на претседателските избори во 2028 година.

„Овој исход секако беше пресврт за Имамоглу“, рече тој. „Тој ќе се појави како опозициски кандидат на следните претседателски избори.“

Новата верско-конзервативна партија, Новата партија на благосостојбата се чини дека привлече гласови од поддржувачите на Републиканската народна партија кои се разочарани од начинот на кој владата се справува со економијата.

Во турскиот југоисток населен главно со Курди, партијата ДЕМ беше на пат да освои многу од општините, но не е јасно дали ќе и биде дозволено да ги задржи. Во претходните години, владата на Ердоган ги отстрани од функцијата избраните прокурдски градоначалници поради наводни врски со курдските милитанти и ги замени со повереници назначени од државата.

Аналитичарите рекоа дека партијата на Ердоган би ја зацврстила неговата решителност да воведе нов устав - кој ќе ги одразува неговите конзервативни вредности и ќе му овозможи да владее по 2028 година, кога ќе му заврши актуелниот мандат.

Ердоган, кој повеќе од две децении во Турција има висока функција –како премиер од 2003 година и како претседател од 2014 година – се залага за нов устав кој ќе ги стави семејните вредности на преден план.

XS
SM
MD
LG