Линкови за пристапност

Конгресменот Тарнер предложи Закон за јакнење на НАТО


Документот бара САД да помогнат на Босна, Грузија, Македонија и Црна Гора да добијат членство во Алијансата

Мајк Тарнер, Конгресмен од Охајо и претседател на американската делегација во Парламентарното собрание на Алијансата предложи придружна легислатива на сенаторот Дик Лугар, во насока на проширување на НАТО на исток.

За државите аспиранти предлог-законот вели дека Босна и Херцеговина и Црна Гора ги исполнуваат условите да добијат американска помош според Актот за партиципација во НАТО од 1994, ги реавторизира Република Грузија и Македонија за таква помош, и додава програми што би биле поддржани под тој акт.

Меѓу другото, легислативата предвидува Државниот секретар на САД да поднесе извештај до Конгресот, во рок од 90 дена од влегување на законот во сила, за американската помош за НАТО членство на Македонија, како и за американските напори за решавање на прашањето за името на Македонија.

XS
SM
MD
LG