Линкови за пристапност

Заврши работниот одмор на претседателот Трамп


Вечерва, во ударен термин, се очекува да се обрати до нацијата околу новата американска стратегија за Авганистан

Претседателот Доналд Трамп го заврши 17-дневниот работен одмор, и синоќа со семејството, се врати во Белата куќа.

На прашање на новинар на Гласот на Америка како ќе го коментира инцидентот на судир меѓу брод на американската морнарица се судри со танкер, претседателот кусо кажа дека, цитираме, „тоа е премногу лошо“.

За време нанеговото отсуство во Белата куќа имаше реновација вредна 3,4 милиони долари.

На политички план, во петокот беше отпуштен главниот стратег, Стив Бенон, којшто имал бројни несогласувања со вработените, вклучувајќи ги ќерката и зетот на претседателот, и двајцата вработени како советници во Белата куќа.

Вечерва, во ударен термин Трамп се очекува да се обрати до нацијата околу новата американска стратегија за Авганистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG