Линкови за пристапност

Турција продолжува со нападите во Сирија


Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека додека има терористичките групи и закани, операциите нема да престанат

Турција ги почна воените активности минатата недела против Исламската држава, како и против курдските борци, кои турската Влада ги поврзува со бунтовничката партија „Курдски работници“.

Судирите меѓу Турците и Курдите уште повеќе ја искомплицираа веќе сложената ситуација во Сирија, каде Владата доби поддршка од Иран, Русија и од милитантите на Хезболах, лоцирани во Либан.

„Додека терористичките групи и закани против нашите граници и граѓани не се отстранат, нашата операција ќе продолжи“, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Во средата, Иран повика на брз крај на турската воена офанзива во Сирија, велејќи дека присуството на турските сили само ќе доведе до ескалација на конфликтот.

Највисокиот американски генерал во вторникот рече дека Курдите се повлекле на источната страна на реката Еуфрат, далеку од Манбиј, потег за кој САД се надеваат дека ќе стави крај на судирите.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер ја повика Турција да „остане фокусирана“ во борбата против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG