Муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го осуди налогот за негово апсење издаден во Турција, по обвинувањата дека стои зад неодамнешниот неуспешен воен удар во земјата.
Ѓулен додаде дека чекорот не менува ништо во неговиот статус или ставови и дека тој на неколкупати ги осудил случувањата во Турција.
Турската влада побара од САД да го екстрадираат имамот.