Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека дава поддршка сторителите на обидот за државен удар во Турција да бидат изнесени пред лицето на правдата, но, предупредува Владата да не оди „премногу далеку“ при враќањето на редот во државата.
„Цврсто стоиме на страната на избраното лидерство во Турција“, изјави Кери на прес- конференција по состанокот во Брисел.
„Но исто така ја повикуваме Владата на Турција да ги одржи мирот и стабилноста во државата“.
„Ја предупредуваме турската Влада да ги оддржи највисоките стандарди за почитување на државните демократски институции и на владеењето на правото“, додаде тој.
„Ние сигурно ќе го поддржиме изведувањето на сторителите пред правдата, но, исто така предупредуваме дека сме против да се преземаат акции кои одат подалеку од ова“.
Државната информативна агенција „Анадлоу“ објави дека 8.777 полицајци биле суспендирани и 6.000 припадници на судската власт и на војската биле приведени, по обидот за државен удар во петокот, предизвикувајќи загриженост на светските лидери, кои, пак, предупредија дека се против активности што би му наштетиле на yставниот поредок.
Шефицата за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини, на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, рече дека владеењето на правото „треба да биде заштитено за доброто на државата“.