Линкови за пристапност

Турција и Грција на пат за решавање на медитеранскиот спор


Турскиот премиер за прв пат по повеќе од десет години во посета на Атина со голема бизнис делегација

Турскиот премиер Ахмед Давитоглу ќе биде придружен барем од седум министри на неговата дводневна посета на Грција.

Синан Улген, од Институтот Карнеги во Брисел, вели дека клучен дел на неговата агенда е застојот на процесот за влегување на Турција во Европската унија.

„Грција всушност беше позитивен придонесувач на турско-европските односи последнава деценија. Но, од политичката нестабилност во Грција, Грција навистина немаше шанса да помага во тој однос. Ќе има дискусија за тоа каква улога може да игра Грција во обидот на Турција да се приклучи на ЕУ, за двете страни да имаат корист“.

Изминатата деценија е подобрена трговијата меѓу Атина и Анкара. На ова патување голема бизнис делегација ќе го придружува премиерот. Но големите тензии заради поделениот остров Кипар ги обременува односите.

Кипарските Грци ги напуштија преговорите спонзорирани од ОН откако Анкара испрати истражувачки брод во кипарските води. Тензиите беа натамошно зголемени кога турски морнарички брод беше испратен во регионот. Грција тоа го протолкува како нарушување на суверенитетот на Грција.

Но стручњакот за меѓународни односи, Емре Исери, од измирскиот Универзитет Јасар вели дека турскиот премиер ќе бара мирољубиво решавање на проблемот запечатено со нафтоводот од Кипар, преку Турција до Грција и Европа – што нуди победа за сите страни.

Справувањето со растечкиот број на бегалци од конфликти низ регионот друго горливо прашање кое се очекува да биде на агендата за време на посетата.

Последен пат турски премиер бил во посета на Грција пред повеќе од десет години.

XS
SM
MD
LG